Богатите поради пандемијата масовно купуваат бункери, а таму: базен, сауна, теретана, градини...

Супермен

25/03/2020

13:00

3.519

Големина на фонт

а а а

И додека луѓето ширум светот од коронавирусот се штитат со ракавици и медицински маски, оние кои што се со подлабок џеб бараат трајни и посигурни решенија.

Богаташите ширум светот масовно купуваат бункери, засолништа кои што ќе им овозможат да ја преживеат пандемијата. Денешните бункери се полуксузни од кога и да е, а фирмите кои што ги градат имаат полни раце работа.

Генералниот директор на фирмата „Rising S Company“, Гари Линч, уште во 2016-та година изјавил дека интересот за луксузните бункери под земја никогаш не бил поголем, а откако е прогласена пандемијата на коронавирусот телефонот не престанува да ѕвони.


„Имаме повеќе модели на бункери. Најлуксузни се Аристократските кои што имаат базен, теретана, зелена површина и гаража“ – вели тој.

Рон Хабард, директор на „Atlas Survival Shelters“, изјавил дека тие промовираат засолништа со име “Сигурен подрум“, а истите ги вградуваат во некој дел од куќа.

„Може да се наоѓа под дневната соба, кујната, гаражата, а се состои од сигурна соба, вински подрум и соба за оружје“ – вели Хабард.

Некои исто така сакаат евентуалната апокалипска да ја преживуваат во заедница која што нуди искуство слично на животот во реалниот свет.


Поголемиот дел од таквите засолништа може да примаат по неколку 100-на луѓе, а вклучуваат прехрамбени намирници за една година и имаат хидропонски градини. Дизајнерите исто така работат и на креирање на заедница со членови кои што се потребни за долготраен престој, од наставници до доктори.

Припадниците на светската елита како на пример Бил Гејтс, за кој се шпекулираше дека има бункер, излезот го бараат токму во нив – бункерите во кои што можат да се спасат од евентуален нуклеарен напад, астероиди, војни и пандемии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk