Клои Фери стекнала огромна популарност појавувајќи се во ријалити шоуа, а на британската јавност исто така ѝ е позната и како една од инфлуенсерките кои не ги кријат своите пластични зафати, па ниту новите облини со кои располагат.
Според странските медиуми, многумина рекле дека таа им е голема конкуренција на сестрите Кардашијан и иако не е познато колку точно е “тешка“ - во последните две години проверено “земала“ повеќе од милион фунти.
Русокосата редовно се појавува на “топ настани“ и носи многу скапа гардероба, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од 3 милиони корисници.
Своевремено, била во врска со ријалити ѕвездата Сем Голанд, кој после нивното раскинување ги убедил фановите дека Клои го изневерувала. Од таа причина често покрај 'храбрите' фотографии ѝ пишуваат дека нема никаков срам.