„Водењето љубов со него ми ги уништи колената“ – поранешната манекенка сподели пикантерии од приватниот живот со легендата на италијанскиот фудбал

Супермен

31/03/2020

10:45

8.016

Големина на фонт

а а а

Мартина Коломбари, сопругата на популарниот италијански фудбалер, Алесандро Костакурте, неодамна ја шокирала јавноста во Италија со нејзината изјава.

44-годишната Мартина, поранешна мис на Италија, во брак е со легендата на Милан од 2004-та година, а сега за италијанскиот весник „Ил Џорно“, открила детали од нивната спална соба, а според нејзините зборови, делува дека и по 16 години сè функционира како што треба.

„Сексот со Алесандро ми ги уништи колената. Завршив со покажување на истите“ – порачала поранешната манекенка.

Инаку, Мартина во 2016-та година била во центар на скандалите, кога го споредила спиењето со Роко Сифреди, актерот од филмовите за возрасни.

Една година подоцна, на интернет почнаа да се прикажуваат нејзините приватни голи фотографии кои што протекоа во јавноста.

Алесандро Костакурта играше на позиција на стопер и целата своја кариера ја помина во Милан, чиј член беше од 1986-та година до 2007-та година кога ја заврши својата кариера.

За репрезентацијата на Италија тој одигра 59 натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk