Меден месец од соништата – вирусот ‘заробил’ млад брачен пар на Малдиви, сами во хотел со 5 ѕвезди

Супермен

06/04/2020

18:47

4.288

Големина на фонт

а а а

28-годишниот месар Раул де Фритас и неговата 27-годишна сопруга Оливија од ЈАР, никогаш не сонувале дека нивниот меден месец ќе биде вистинска авантура.

Кој не би посакал да го помине своето време во изолација на идиличното одморалиште со пет увезди на Малдивите и тоа со својот партнер. Луксузна бункаголвка на вода, романтична вечера и шетање на плажа.

На нивното планирано патување тие пристигнале на 22-ри март, а шестневниот престој на Малдивите веќе го сметале за претерување поради скромните приходи кои ги имале.

Но, сепак решиле да ја потрошат својата заштеда за одмор од соништата. Проблемите на надворешниот свет изгледале далечни, но сепак ги стигнале иако туристичката агенција ги убедувала дека сигурно ќе можат да се вратат дома.

По само три дена уживање добиле информација дека аеродромите во нивната земја се затворени, а преговорите со амбасадата не вродиле со плод.


Па, така тие сега се единствените гости во комплексот кој што може да угости 180 луѓе. Инаку, цената за ноќевање во овој комплекс изнесува 750 долари од ноќ, а вработените во хотелот поради уредбите на владата не можат да го напуштат хотелот додека не го испратат и последниот гостин.

Па така, собата им ја чистат пет пати дневно, а готвачите само за нив подготвуваат јадења во кои што уживаат сами на плажа.

Амбасадата на ЈАР моментално го испитува нивниот случај, но останува да се види кој ќе ја плати неверојатно високата сметка која што ќе остане по нивното заминување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk