Ова е животната приказна за ова момче, чиј изум во денешно време сите го користиме.
„Вистинското име на сер Џон Смит е Никола Бизумиќ, родум од селото Нерадн. Роден бил во сиромашно семејство, а берберскиот занает го научил во Ириг и Руми. Шишајќи ги муштериите со ножици, дошол до идеја да конструира машина која би го унапредила берберскиот занает, односно ќе ја забрза постапката при шишање. Тој наиме ја измислил рачната машина за шишање или бричење.
Кај неговиот мајстор не наишол на разбирање, па во 1836-та година заминал во Руми. Меѓутоа ниту таму не успеал да набави 100 форинти и да го патентира производот кој што го направил.
Поради тоа својата среќа пробал да ја најде далеку од својата земја, па речиси со празен паричник заминал за Лондон.
Штом пристигнал таму и го претставил својот производ, финансиерите почнале да се собираат околу него – машината добила официјален документ за патентирање во сопственост на Никола.
За само 10 години цела Европа се шишала со таа машина. Тој стекнал големо богатство, па добил и титула ‘сер’ која што му ја доделил англискиот крал. А, за полесно да се пробие во светот на бизнисот, го зел типичното англиско име – Џон Смит.
Тој починал во 1906-та година како милионер. По неговата смрт, неговиот имот бил проценет на 22 милиони фунти, но тие пари никогаш не биле целосно исплатени на неговото семејство и роднините како што пишувало во тестаментот“.