Гаф на турнир во Марсеј: Ѓоковиќ најавен како Хрват, па следуваше извинување

Супермен

15/04/2025

18:30

1.157

Големина на фонт

а а а

Иако веќе не освојува трофеи со темпо на кое се навикнати неговите фанови, Новак Ѓоковиќ сè уште е име кое привлекува внимание, емоции и публика.

Најдобриот тенисер на сите времиња последниве неколку години се појавува главно на задолжителни прес-конференции за време на турнирите. Ексклузивните интервјуа станаа реткост, а по триумофот на Олимпијадата во Париз, веќе подолго време не држи трофеј во раце.


Целта е јасна – максимална физичка и ментална подготовка за вториот Грен слем сезонава, Ролан Гарос. Затоа Ѓоковиќ се повлече од јавноста и тивко се подготвува.


Во меѓувреме, познатиот француски спортски новинар и коментатор Марк Маури, гостувајќи на Еуроспорт, се присети на интересна анегдота од 2007 година, кога уште на почетокот на кариерата случајно го навредил Новак:


„Работев на турнирот во Марсеј и Новак играше во првото коло. Не се сеќавам зошто, но го најавив како тенисер од Хрватска наместо од Србија. Веднаш се налути, и со право. Беше понеделник, малку публика, не направивме медиумски скандал – ама неговиот вујко беше таму, и ми одржа добра лекција.“


Маури додаде дека брзо се извинил и го поправил недоразбирањето:

„Отидов кај него со шише шампањ. Се насмеа, прифати, дури ми се заблагодари. Беше коректен и тоа го паметам до ден-денес.“


Ролан Гарос започнува на 25 мај и трае до 8 јуни. Ѓоковиќ е на списокот за Мастерс турнирите во Мадрид и Рим, но сè уште не е сигурно дали ќе настапи. Навивачите со нетрпение чекаат да го видат на терен – подготвен, здрав и гладен за нова титула.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk