Кога ќе кажете Роналдињо, не можете, а да не додадете „легенда“ на светскиот фудбал.
Но, она што е особено интересно е дека тој неодамна станал официјален промотор на изложбата „EXPO 2027“, која се одржува во Белград.
„Ве поздравувам претседателе Вучиќ, ви благодарам за поканата за учество на EXPO 2027. Се гледаме наскоро“, изјавил познатиот фудбалер Роналдињо, чија животна приказна е повеќе од интересна.
Овој човек не само што е икона на фудбалот, туку пред сè е некој кој во текот на својата неприкосновена кариера повеќепати докажал зошто е еден од најдобрите, не само фудбалери, туку и луѓе кои светот некогаш ги запознал.
Во прилог на ова зборуваат и неколку неверојатни факти за него кои не им се познати на многумина.
Кариерата ја посветил на татко му, кој додека бил дете секогаш му велел и повторувал дека најважно е да игра добар фудбал, а резултатот секогаш ќе дојде.
Но, на осум години трагично го загубил татко му, а сè што постигнал во фудбалот му посветил нему.
Роберто е девет години постар од Роналдињо, а според зборовите на Роналдињо тој бил поталентиран од него. Роберто настапувал за Гремио, имал понуди од Европа, но сепак останал во Бразил каде по повредата ја завршил кариерата.
Дриблингот на Роналдињо, кој е и негов заштитен знак, настанал во детството. Благодарение на неговото водење на топката меѓу кучињата, тој развил техника што никој друг ја немал. Имал две кучиња на кои, како што и самиот во неколку наврати рекол, им должи сè.
Додека многумина мислеа дека не ги средил забите поради невнимание, вистината е сосема поинаква.
Имено, ваквите заби станале заштитен знак на Роналдињо, а спонзорите му забраниле да ги поправа. Меѓутоа кон крајот на кариерата конечно добил нови заби.
Неговиот најголем страв било возењето автомобил и затоа никогаш не полагал возачки испит.
Постојано се возел со такси, кои речиси никогаш не му наплаќале.