Тајсон: „Имав толку многу секс во затворот што од умор не можев ниту во теретана да одам...“

Супермен

27/05/2020

15:15

13.082

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон, се присетил на еден пикантен детаљ од својата автобиографија, а кој се однесува на времето кое што го поминал во затвор.

Да ве потсетиме, Тајсон бил во затвор од 1992-та година до 1995-та година поради силување на тогаш 18-годишната Дезире Вашингтон, а и покрај тоа тој вели дека зад решетки имал повеќе сексуални односи од кога и да било, додека бил на слобода.


„Имав толку многу сексуални односи во затвор, што на крајот бев многу изморен и не можев дури ниту во теретана да одам. Само ќе станев, и ќе лежев во својата соба по цел ден“ – вели Тајсон, па додава:

„Потрошив огромно богатство на раскош. Тогаш сето тоа беше забавно, кога си млад. А, сега во овие години, повеќе не е . Парите ги трошев така што им купував автомобили на тие жени“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk