Холивудскиот актер се приклучи на предизвикот на славните – прави склекови како “од шега”

Супермен

01/07/2020

09:58

2.240

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на филмовите “Wolverine”, “Logan” и “X-Men”, актерот Хју Џекмен многу пати досега докажал дека е во одлична форма.

Припремите за улогите го научиле што најдобро му одговара на неговото тело, па затоа ја одржува линијата со комбинирање на кардио и тренинг за сила. 

А дека и по 50-та година е во завидна кондиција и форма, докажал и преку видеото на Инстаграм на кое се вклучил во предизвикот на славните и како “од шега” направил 25 склекови. И тоа не го направил без причина – станува збор за акција за непрофитна организација посветена на менталното здравје.

Иако многумина коментираат дека неговите склекови изгледаат импресивно, сепак експертите од магазинот “Men’s Health” не се воодушевени.

“Всушност прави половична работа бидејќи не ги изведува склековите на правилен начин. Не прави целосна екстензија на рацете кога се враќа во почетна положба”, објаснил уредникот на магазинот, Ебензер Самуел.

Станува збор за честа грешка при изведување на склекови до која доаѓа кога брзате со вежбањето, па затоа фитнес фанатиците всушност и не го сметаат ова за вистинско правење на склекови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk