Најпосакуваната работа за ова лето – во оваа земја се пријавиле 90.000 луѓе, а платата изнесува 1.500 евра

Супермен

08/07/2020

13:47

3.186

Големина на фонт

а а а

Пандемијата ги погоди луѓето ширум светот. Многумина останаа без работа. Во туристичките региони на југот од Шпанија настојуваат да им помогнат на младите.

Речиси 90.000 Шпанци аплицирале за 3.000 работни места за редари на плажите. Работното место кое што се состои од надгледување на плажите и да ги предупредува младите капачи да се придржуваат до мерките за претпазливост и да држат два метра растојание, тоа е најпожелната работа за ова лето, пренесува „Дојче веле“.

За работата пред сè се пријавиле младите луѓе. Над еден милион млади луѓе поради пандемијата ја загубиле работата, од кои половина од нив се до 35-годишна возраст.


Работното време е од 9 до 5 часот, а платата е 1.500 евра месечно што е над просекот на шпанската плата.

„Работата за редари на плажите ја предложи регионалната влада на Андалузија. Се надеваат дека така со еден удар ''ќе убијат две муви''“ - вели Ана Келиа Конзалес, директорката на установите за цивилна заштита во Малага.

„Главната цел е секако спречување на ширењето на заразата и безбедност кај капачите. Но, со тој проект сакаме да им помогнеме и на младите луѓе и на регионалниот туризам“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk