По Ѓоковиќ, и Федерер на удар на критики поради коронавирусот: Швајцарецот со овој потег го разбесни светот

Супермен

10/07/2020

16:52

4.189

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде на удар на критики од јавноста поради еден лош потег во доба на глобална пандемија.

Светската јавност го урниса српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со коментари поради организација на хуманитарниот турнир “Adria Tour” во време на пандемија на коронавирусот, на кој се заразија поединечни учесници. 


Најдобриот тенисер на светот доби бројни неумесни коментари и напади, иако биле испочитувани епидемиолошките мерки во текот на траењето на турнирот.

Сега на удар на јавноста поради вирусот се најде и швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. Првиот човек на специјализираниот тениски сајт “Punto de Break”, Хозе Морон, остро го искритикувал тенисерот бидејќи се фотографирал со своите фанови без маска.


“Она што го кажавме за Ѓоковиќ, мораме да го повториме овде. Роџер Федерер се фотографирал со навивачи, а не носел маска или држел дистанца од 1 метар. Исто можете да забележите дека му било понудено пенкало за да даде автограм. Погрешно”, напишал Морон на Твитер.

Федерер неодамна беше опериран и моментално закрепнува од операцијата на колено, а враќањето на теренот го најави за 2021 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk