По 200 години традиција, популарното виски ја менува амбалажата – „Џони Вокер“ од картон

Супермен

14/07/2020

12:16

5.008

Големина на фонт

а а а

Хартиените шишиња за виски ќе бидат направени од дрвени пулпи и ќе можат целосно да се рециклираат.

Вискито Џони Вокер е старо речиси 200 години, а наскоро ќе се продава во хартиена амбалажа.

„Diageo“, компанијата која што е сопственик на овој бренд, соопштила дека планира до пролет, наредната година, во продажба да ја пушти првата количина на вискито во еколошка амбалажа.


Оваа компанија за производство на хартиената амбалажа ќе покрене друга фирма со име „Pulpek“, која што ќе прозиведува амбалажа и за брендовите „Unilever“ и „Pepsi“.

Хартиените шишиња за виски ќе бидат направени од дрвени пулпи и ќе можат целосно да се рециклираат, соопштила компанијата.

Изработувањето на стаклени шишиња трошат енергија и емитираат јаглерод, па многу од компаниите за производство на пијалаци развиваат хартиени амбалажи за да се обидат да го намалат загадувањето и да ги направат производите одржливи.


Меѓутоа, Кока-кола во месец јануари соопшти дека нема да се откаже од еднократните пластични амбалажи затоа што потрошувачите и понатаму ги сакаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk