Холивуд оставен без зборови: Сопругата на Вил Смит имала љубовна афера со другар на својот син, сè признала во емисија во живо

Супермен

14/07/2020

16:43

5.252

Големина на фонт

а а а

„Ние се оддалечивме (таа и Вил Смит), а со Огаст влегов во врска веднаш потоа. Бев ранлива и скршена“ - признала Џеда и додала дека врската траела неколку месеци.

Џеда Пинкет Смит признала дека била во врска со 20 години помладиот рапер Огаст Алсин кој што бил пријател на нејзиниот син.

Тоа го признала во своето шоу „Red Table Talk“ во кое што го угостила својот сопруг Вил Смит.

Актерката открила дека сè се случило кога нејзиниот брак бил во криза.

„Ние се оддалечивме, а со Огаст бев во врска потоа. Бев скршена и ранлива“ - признала Џеда и додала дека врската траела неколку месеци.

Таа открила дека таа и актерот се обиделе да се одвојат еден од друг, за на крајот да сфатат дека тоа е невозможно.

Кога ја прекинала врската со младиот рапер, се смирила со Вил, а со младото момче со години не разговарала.

И покрај кризата, славниот пар повторно е заедно и тврдат дека еден кон друг ја негуваат безусловната љубов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk