Лоши вести од Барселона: Фудбалер на каталонскиот клуб позитивен на коронавирус

Супермен

12/08/2020

13:10

1.518

Големина на фонт

а а а

Барселона известила дека еден фудбалер на каталонскиот клуб е позитивен на коронавирус.

Сè уште не е познато името на фудбалерот, но станува збор за еден од 9-те играчи кои ги започнале припремите за следната сезона и не е дел од првиот тим кој во петок ќе игра против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите во Лисабон. 

“Заразениот фудбалер е без симптоми, се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација”, открил шпанскиот вицешампион.

Фудбалерот кој е позитивен на Ковид-19 не бил во контакт со играчите кои треба утре да отпатуваат за Лисабон.

Играчите кои започнаа со припреми за новата сезона и помеѓу кои има еден заразен се Франциско Тринкао, Педри, Матеус Фернандеш, Рафиња, Карлес Алења, Ориол Бускетс, Хуан Миранда, Жан-Клер Тодибо и Муса Ваге.

Неодамна и мадридските клубови Реал и Атлетико имаа случаи на зараза со коронавирус – во Реал беше заразен Маријано, а во Атлетико хрватските фудбалери Шиме Врсаљко и Анхел Кореа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk