Со топлес фотографија го прослави роденденот и ги почести фановите со сексапилна сцена, но внимавала на една работа...

Супермен

13/08/2020

15:23

6.077

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер ги покрила градите само со рацете за да не го прекрши правилото на Инстаграм за голотија.

Кајли Џенер во понеделникот го прослави својот 23-ти роденден, а го одбележал на посебен начин.

Имено, Кајли во вторникот објавила црно-бела фотографија на која што позира топлес, а градите ги покрила со дланките за да не го прекрши правилото на социјалната мрежа Инстаграм за голотија.

На главата носи шешир со вел, а фотографијата ја направила нејзината пријателка и позната фотографка Саша Самсонова.

„Те сакам ангелу“ - коментирала Самсонова под фотографијата.

Кајли со оваа објава ги воодушевила своите фанови и добила над осум милиони лајкови.

„Вака си убава“, „Кралицата Кајли“, „Божица“, „Каква визија“, „Изгледаш неверојатно“, „Убавица“, се само дел од коментарите на нејзините фанови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk