Кога два индустриски титани ќе се здружат поради една заедничка цел, резултатите може да бидат апсолутно фантастични.
Тоа е барем точно кога станува збор за соработката помеѓу брендовите „Bowmore“ и „Aston Martin“, кои што се здружиле за заедно да создадат виски инспирирано од најдобрите автомобили.
За првпат шкотската ценета дестилерија и англискиот бренд автомобили, се здужиле за да креираат сингл малт виски во ограничено издание, кое што било инспирирано од омилениот автомобил на Џејмс Бонд „DB5“.
„Black Dowmore DB5 1964“ е наречен по годината кога бил дестилиран и декантиран, а ќе биде произведено во ограничени изданија - само 25 шишиња.
Менаџерот Дејвид Тарнер изјавил: „Додека јагленот правеше пареа и ги грееше нашите простории, тоа беше првата дестилација која што настана за употреба на овој метод, кој што сега се користи за креирање Black Bowmore“.
Ова виски кое што првпат е декантирано во 31-годишен костенлив шери бренд, разви култ околу себе во текот на децениите кога стана еден од најпосакуваните сингл малтови некогаш направени.
Секако, за ваков величествен пијалак морало да се креира и специјално шише.
Всушност секое од нив е направени рачно од страна на компанијата „Glasstor“.
Ова виски ќе биде достапно за купување од наесен, а ќе чини неверојатни 65.000 долари.