Роналдо го „урнисуваат“ поради пижамите од 2.200 евра: „Дали баба ти те натера да ги облечеш?“

Супермен

18/09/2020

14:03

4.529

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо стана мета на потсмев на Твитер и Инстаграм поради стајлингот на луксузната јахта на која ужива со семејството.

Имено, тој се пофалил со романтичниот поглед кон морето додека лежел во пижами кои им „паднале во очи“ на многу корисници на социјалните мрежи. 

Станува збор за свилени пижами со потпис на луксузниот бренд „Луј Витон“ чија цена е околу 2.200 евра, но следбениците му порачале дека изгледа како „неговата баба да ги шиела“.

„Роналдо изгледа како маж чија баба инсистирала да го фотографира во новите пижами кои му ги купила за роденден“, „Се колнам дека мојата мајка носи вакви работи кога оди на спиење“, „Мамо, зошто Роналдо ја носи твојата ношница?“, „Што носиш на тебе?“, се некои од коментарите на Твитер.


На некои негови фанови им сметало и тоа што Роналдо е бос на фотографијата...

„Изгледа дека сиротиот не може да си купи чевли, предлагам да собереме пари и да му купиме“, навел еден корисник на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk