Луис Суарез „скршен“ и низ солзи ѝ порача на Барселона: „Не се подготвив за ова...“

Супермен

24/09/2020

19:37

2.983

Големина на фонт

а а а

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ја напушта Барселона и заминува во Атлетико Мадрид, а за отштетата најголемиот износ пари кој што може да го земе може да биде шест милиони евра, објавил каталонскиот клуб на својот интернет портал.

Суарез за шест сезони, колку што играше во Барселона освои 13 трофеи, а во успесите на клубот за 183 настапи успеал да постигне 198 голови.

Тоа го прави трет најдобар стрелец во клубската историја, зад Лео Меси и Цезар.

„Неговите природни инстинкти за стрелец ни донесоа многу задоволство во текот на годината, вклучувајќи го и победничкиот погодок против Јувентус за петтиот клубски триумф во Лига на прваци.


Во својата долга сезона во клубот во 2015-2016-та година освои и Златна копачка како најдобар стрелец во Европа, постигнувајќи дури 40 голови во шпанското првенство“ - стои во соопштението на Барселона.

Барселона на Суарез му приреди посебно збогување од клубот во текот на кое што Уругваецот не можеше да се воздржи од солзите:

„Беше лудо во последните месец дена. Работите протекоа, а некои од нив беа измислени. Тоа ве лути и станувате огорчени, но мора да се трудите да исконтролирате сè. Мора да уживате во оваа фаза, да бидете благодарни на Барселона за сите убави моменти. Сонував дека ќе играм за Барселона и успеав да го остварам својот сон. Барселона е мојот дом“ - изјавил Суарез низ солзи, па додал:

Ова се тешки моменти за мене. Не сум подготвен за денешниот говор. Не можев вака да се простам од Барселона. Навистина не можев. Знаев дека некогаш ќе дојде овој момент, но не бев подговен за тоа.

Не замислував дека ќе постигнам вакви бројки, тука секогаш треба да бидете најдобар. Особено сум задоволен и горд на овие шест години, што моите деца ме гледаат дека играм со вакви играчи, што подигнувам трофеи...Засекогаш ќе ми останете во сеќавање. Големо благодарам што ме поддржуваат, никогаш нема да го заборавам тоа“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk