Пјаниќ откри каков совет добил од Роналдо за трансферот во Барселона

Дерби

24/09/2020

18:44

3.236

Големина на фонт

а а а

Миралем Пјаниќ беше дел од зделката во која Барселона и Јувентус направија размена, со тоа што Босанецот пристигна на „Камп Ноу“, а Бразилецот Артур Мело заврши во спротивен правец.

Босанскиот играч за врска веќе дебитираше за првиот тим кој сега го предводи Роналд Куман на Гампер Купот против Елче, но пред да ја има својата премиера во шпанската фудаблска елита, играчот кој мина доста години во Јувентус, откри дека добил навистина добар совет од Кристијано Роналдо за трансферот во Барселона.

Тоа е помалку и неочекувано ако се знае дека Португалецот е жива легенда на Реал Мадрид, но Кристијано очигледно смета дека Пјаниќ со својот стил на игра брзо ќе се прилагоди во Шпанија каде се негува технички фудбал.

– Кристијано ми порача дека многу ќе се забавувам во Барселона. Искрено, му беше многу жал што го напуштам Јувентус, но беше среќен за мене, што правам трансфер во Барселона и што ќе играм во Шпанија, – открива Пјаниќ за „Мундо Депортиво“.

– Со Роналдо имав навистина убави моменти, но моја желба беше да играм и со Меси. Сакав да играм со таков шампион, се надевам дека максимално ќе го искористам неговиот потенцијал на теренот, – додава Босанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг