„Новак е како змија“: Противникот на Ѓоковиќ опишал што доживеал на мечот на Ролан Гарос

Супермен

30/09/2020

16:39

2.388

Големина на фонт

а а а

Микаел Имер не му беше достоен ривал на Новак Ѓоковиќ во првото коло од Ролан Гарос бидејќи на најдобриот тенисер на светот не му беа потребни повеќе од 80 минути да се пласира во наредната рунда по убедливиот триумф над Швеѓанецот.

По мечот, Имер кој на натпреварот се појави со патики на кои стоеше лого и слика од Новак, имал низа комплименти за српскиот ас кој го опишал како „змија“, а себеси како „нејзин плен“. 


„Знаете ли како змијата го убива својот плен. Нешто такво почувствував додека бев на теренот со него. Погодуваше важни поени, имав шанси да влезам во размена, но потоа се „гушев“, ме шеташе од раб до раб и ретко промашуваше“.

Имер истакнал дека имал трема и бил нервозен бидејќи морал да се соочи со најдобриот тенисер на светот.

„На почетокот беше само надреално. Почувствувам колку е голем теренот и бев нервозен бидејќи се соочував со најдобриот на другата страна“, опишал шведскиот тенисер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk