Винсент Касел и Тина Кунаки биле забележани на плажите во Рио де Жанеиро и ги воодушевиле сите присутни.
Холивудскиот актер Винсент Касел и неговата 31 година помлада сопруга Тина се едни од поатрактивните парови на денешницава, а папарацо фотографите го следат секој нивни чекор.
Па така и овојпат тие биле забележани како уживаат на плажите, каде што 54-годишниот актер се чувствува како дома со оглед на тоа што во Бразил живеел пет години.
Неговата 23-годишна сопруга совршено се вклопила во цела таа приказна со своите бујни облини и ја покажала беспрекорната фигура во бикини на која што ѝ завидуваат многу помлади девојки.
Инаку, минатата година парот ја доби ќерката Амазони, а Винсент од претходниот брак има две деца. Веста дека очекуваат дете ја објавија неколку месеци по венчавката која што била приватна церемонија одржана на југозападот од Франција во 2018-та година.
Медиумите првпат заедно ги забележале во 2016-та година кога Тина, која што тогаш имала само 19 години, на социјалната мрежа Инстаграм ја објавила нивната прва заедничка фотографија на која што разменуваат нежности.