Доста беа солзи – започнува војна за богатството на Марадона: 8 жени и 11 деца тргнуваат во борба за 75 милиони долари

Супермен

01/12/2020

17:48

4.088

Големина на фонт

а а а

Нема сомнеж дека борбата за богатството кое го стекнал Диего Армандо Марадона ќе биде комплицирана, долга, сурова, болна и немилосрдна!

По солзите и тагата поради смртта на легендата, започнува беспоштедната борба за наследство. 

Легендарниот фудбалски ас имал исклучително бурен љубовен живот – од еден брак и 3 вонбрачни врски има 5 деца кои ги признал. Меѓутоа, уште 4 жени тврдат дека му родиле на Марадона вкупно 6 деца – 2 од нив живеат во Аргентина, а 4 на Куба.

Сите тие сметаат дека имаат право на дел од наследството.


Познатиот портал „Celebrity Net Worth“ кој ги следи богатствата на славните личности, проценува дека Марадона во кариерата заработил околу половина милијарда долари. Меѓутоа, тој никогаш не ги штедел парите и максимално уживал во животот. Жени, дрога, луксузни недвижности, скапоцени автомобили, накит, алиментација... сето тоа го чинело скапо, но се проценува дека му останале уште 75 милиони долари.


„Нема никаков сомнеж дека дури сега ќе започне вистинска сапуница за Марадона, војна помеѓу неговите наследници за богатството“, порачал угледниот аргентински новинар Хулио Кјапета.

Марадона не оставил тестамент и тоа дополнително ќе ја искомплицира целата распределба на неговиот имот. Но, 5-те признаени деца ќе имаат предност: ќерките Далма (34) и Џанина (31) кои се родени во бракот со Клаудија Вилафане, единствената законска сопруга на фудбалерот. Покрај нив тука се Диего Џуниор (34), роден во врската со Кристијана Синагра, ќерката Јана (27) од врската со Валерија Сабалајн и Диего Фернандо (7), роден во текот на врската со Вероника Оједо.


Дополнителен проблем претставува фактот дека децата меѓусебно воопшто не се поднесуваат. Само Диего Џуниор кој живее во Италија е во добри односи со своите полусестри и полубраќа.

Две деца од Аргентина и 4 од Куба тврдат дека Марадона им е татко, а со тоа дури 11 деца ќе се борат за неговото богатство, но судот потврдил дека приоритет ќе имаат неговите најстари ќерки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk