Утрински рутини на Џеф Безос кои водат до успех: Вака го подготвува телото и умот пред да тргне на работа

Супермен

10/02/2021

15:55

8.744

Големина на фонт

а а а

Откако акциите на „Amazon“ од почетокот на 2020 година наваму се зголемија за 80 отсто, богатството на Џеф Безос исто така се зголеми и доживеа најголем пораст.

Џеф Безос (57), основач и извршен директор на „Amazon“ е на врвот на листата на најбогати луѓе на светот, со богатството кое што вреди над 200 милијарди долари.

Како и поголемиот дел од луѓето, така и Безос има свои утрински рутини кои што секојдневно ги практикува, а сето тоа го објаснил во својата книга „Invent and Wander: The Collected Writings of Jeff Bezos“ која што во месец ноември 2020 година ја објави издавачот „Harvard Business Review Press“.

Збирката содржи увид на умот на Безос и неговото делување во истражувачките теми, како на пример зошто културата на фирмата е важна, како и што пандемијата на коронавирусот ги научи нашите генерации. Освен тоа, нуди и увид за тоа како милијардерот го поминува секое свое утро.


„Сакам да лежам наутро и времето полека да ми поминува, без притисок. Сакам да читам весник со кафе. Сакам да доручкувам со своите деца пред да тргнат на училиште. Така што, времето ми е исклучително важно и затоа почнувам да работам дури во десет часот“, пишува Безос.

Дури и тогаш, тој ги бира полесните работи отколку деловни состаноци или пак носење на тешки одлуки. Таквите работи следат по 14 часот.

„Полнење батерии“

Неговата утринска рутина е базирана на извршување мал број задачи, едноставно не се концентрира на нешто посебно.

„CNBC“ пренесува дека Безос одвојува време и за „полнење на батериите“, а тоа му помага при носењето на важните одлуки пред да тргне на работа.

Безос е фокусиран на тоа како ги поминува своите утрински часови затоа што на тој начин ментално се подготвува за својот работен ден.


„Осум часа сон“

Сите знаеме колку е важен сонот за организмот и нашето здравје да функционираат во текот на денот. Лошиот сон може да има многубројни нуспојави кои што ќе влијаат и на нас и на нашата кариера.

Како и секој професионалец кој што е посветен на својата работа, на Безос му е важен сонот, не само поради тоа што подобро ќе функционира, туку и дека луѓето од неговата околина ќе имаат подобар впечаток за него.

„Потребно ми е да спијам осум часа. Тогаш мислам подобро. Имам повеќе енергија и подобро сум расположен“, пишува Безос во својата книга.

Иако е познато дека некои од луѓето спијат само по четири часа затоа што се трудат секој ден да бидат попродуктивни, Безос смета дека тој начин на размислување можеби нема да биде успешен поради тоа што квалитетот секогаш е подобар од квантитетот.

Работи помалку, но подобро и биди среќен

„Неколку мали, но добри одлуки се поважни од голем број донесени одлуки. И, доколку го скратите вашиот сон можеби ќе добиете неколку работни часа повеќе, но таквата продуктивност може да биде илузија“, вели Безос, па додава:

„Доколку јас сум среќен на работа, подобро ми е и дома, подобар сопруг сум и татко. Доколку сум среќен дома, на работа одам со повеќе енергија, подобар сум во работата и подобар од колегите“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk