Таа е магнет за богати мажи, а сега позирала на „безобразен“ начин, па привлекла големо внимание

Супермен

02/03/2021

10:16

3.441

Големина на фонт

а а а

Данската манекенка Нина Агдал (28) која што на пошироката јавност ѝ е позната како поранешната девојка на популарниот заводник Леонардо Дикаприо, денес е попопуларна од кога и да е.

Таа често е тема во светските медиуми, како поради фактот што е една од најбараните манекенки во светот, така и поради тоа што „е без влакна на јазикот“.

Имено, Нина неколку пати досега отворено зборувала за проблемите со кои што се соочувала во модната индустрија - од оние дека своевремено одвај можела да најде работа затоа што не спаѓала во класичната група на слаби девојки, до тоа што и кога добила работа нејзините фотографии дополнително биле фотошопирани.

Оваа сексапилна русокоса искрено признала дека се соочува со тоа, но и дека ја исмејувале поради „здравата“ и „нормална“ тежина, но исто така таа истакнала дека никогаш не сака да смени ништо на себе поради тоа што добро се чувствува во своја кожа.

Дека тоа е вистина може да заклучите по нејзините фотографии на социјалната мрежа Инстаграм кои што навистина се сексапилни. Неодамна споделила видео во бикини на кое го истакнува своето сексапилно тело и со кое што привлекла огромно внимание, особено кај посилниот пол.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk