Да не била таа, Новак не би бил владетел на светскиот тенис: АТП ѝ се поклонува на жената која во 1992 година го препознала „златното дете“

Супермен

08/03/2021

11:39

5.623

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска испиша нова страница во тениската историја откако ја започна 311-та недела на првото место на АТП листата, со што го собори рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.

По тој повод, АТП на својот официјален сајт објави текст посветен на српскиот тенисер во кој се присетил како легендарната Јелена Генчиќ во 1992 година на Копаоник го препознала талентот кај 5-годишниот Ѓоковиќ.


„Имате златно дете! До 17 години ќе биде во топ 5 на светот“, им рекла Генчиќ на родителите на Новак.

Новак на 17 години беше дури на 128-то место на планетата, но Србинот нешто подоцна веројатно ги надминал очекувањата и на својот прв ментор. По Вимблдон во 2011 година стигна до првото место на АТП листата, а една деценија подоцна стана и рекордер со 311 недели на местото број 1.


„Златното дете“ стана апсолутен владетел на светскиот тенис. АТП во својот напис истакнува дека никој немал таква глад за успех на теренот како Ѓоковиќ.

„Истите квалитети кои Јелена ги забележала на првиот тренинг се оние кои му овозможија неверојатна кариера: работа на нозете, концентрација, но пред се глад за победа. Само 26 играчи стигнале до првото место на АТП листата откако е воведена во 1973 година. Со почит кон сите, никој немал таква глад да остане на врвот како Новак Ѓоковиќ“, пишува во текстот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk