Според истражувањето кое што било спроведено на 2.000 испитаници, и за двата пола постои една поза која што им е омилена, а тоа е - „doggy style“.
Како што наведува тимот на докторот Ед (најпопуларниот онлајн доктор), испитаниците таа поза ја навеле затоа што истата „им овозможува најголемо задоволство и најдлабока пенетрација“.
Втората омилена поза меѓу испитаниците била мисионерската, додека пак на третото место се нашла каубојка.
Интересно е тоа што за позата која што најчесто се зборува, повеќето од испитаниците не мислат дека им е најомилена. Аналниот секс кај мажите се нашол на деветтото место, додека пак кај жените не влегол ниту во топ 10 секс пози.
Истражувачите ги изненадило тоа што поза 69 е попопуларна од аналниот секс.
Ги интересира секс на маса
На испитаниците им било поставено прашањето која секс поза најмногу ги интересира, а поголемиот дел од нив одговориле секс на маса (во положба на поза 69). Според испитаниците, за позите мажите најмногу учат од интернет, а помалку од гледањето филмови за возрасни. Жените за омилените секс пози учат од своите партнери.
Се плашат да не ја повредат партнерката
Сурфањето и гледањето филмови за возрасни очигледно буди љубопитност затоа што 75 отсто од мажите изјавиле дека тие се тие кои што иницираат да пробуваат нови пози со партнерките. Речиси 40 отсто од мажите признале дека во сексот најмногу се плашат да не ја повредат својата партнерка, што можеби го објаснува фактот што аналниот секс не е толку многу популарен.