Единствениот пријател на Никола Јокиќ од НБА го посетил Сомбор и она што го раскажал после тоа, ќе ве насмее до солзи.
Иако многу се зборува за тоа каков став има Никола Јокиќ за НБА и Америка воопшто и дека за него тоа е само работа, без никакво дружење и зближување со соиграчите и дека неговото срце е во Сомбор меѓу коњите, сепак кошаркарот успеал да оствари едно убаво пријателство.
Како одговор на прашањето на новинарот упатено за неговиот колега Арон Гордон, Никола рекол: „Не ми е во петте омилени играчи, туку прв на листата. Тој ми е омилен соиграч“.
„Гордон е одличен тип, рече дека ќе се видиме во Србија, а потоа се појави. Се изненадив. Многу заеднички приказни имаме, многу поминавме заедно, навистина е одлично момче“, додал Јокиќ којшто оставил голем впечаток на Гордон во текот на сите овие години во Денвер, но баш кога се појавил во Сомбор, сфатил зошто „Џокер“ е навистина таков.
Тоа било летото 2023 година, откако заедно станале шампиони на НБА лигата, така што Гордон неколку денови бил кај Јокиќ во Сомбор пред да го продолжи патувањето низ Европа.
Јавноста можела да ги види на трките на хиподромот во Сомбор, заедно шетале, а Гордон бил и во кафеана заедно со Јокиќ.
„Јокиќ е кул, големото момче мора да остане активно“, се насмеал Гордон прераскажувајќи ги анегдотите за Јикиќ во Сомбор во поткастот „Knuckleheads“.
„Јокиќ таму е како претседател, градоначалник, гувернер, сенатор, како сакате кажете. Тој е тој“.
Тој во текот на тие три дена го запознал Сомбор и раскажал дека му се допаднал, а особено му било драго што успеал да дознае дека сите приказни кои кружат за Јокиќ во НБА се вистинити поради тоа што тој во текот на летото постојано вежба во Сомбор. Дури тогаш сфатил дека тој е ист како и во НБА со сите, скромен, пристоен, а дека истовремено непрекинато тренира.
„Сомбор е прекрасен. Сега ти е јасно зошто Никола е толку успешен. Неговите вредности се израмнети со подемите, секој ден работи на своето тело, секој ден јаде храна каква што треба и секој ден го поминува со семејството. Едноставно е мирен, смирен, секогаш има време да ги поздрави соседите.
Nikola Jokic and Aaron Gordon eat together at Gradska Kafana, I'm told, a restaurant in downtown Sombor. pic.twitter.com/l1XYL8yZ6j
— Harrison Wind (@HarrisonWind) August 14, 2023
Се грижи за луѓето, тој е добро момче од почеток до крај и јасно е зошто победува. Внимава на луѓето, внимава на Сомбор и фокусиран е, а потоа оди и на трки со коњи и вози велосипед низ град. Јокиќ таму е како гангстер“, раскажал Гордон.
Тие имале можност заедно да излезат во градот, да се веселат, а таму Гордон можел да види како Никола се однесува меѓу „своите луѓе“.
Особено вирална станала фотографијата од „градската кафеана“ каде келнерот сакал спомен со Гордон и Јокиќ, не верувајќи дека таа ќе го обиколи светот.