Легендарниот кошаркар Пол Пирс го привлече вниманието на НБА навивачите откако неговиот тим Бостон Селтикс загуби од Њујорк Никс.
Селтикси неочекувано го загубија вториот натпревар пред домашната публика во пресметката со Никси во полуфиналето од плејофот на Конференциската лига и сега се во многу тешка позиција бидејќи серијата се сели во Њујорк.
Утрото по натпреварот, Пирс објавил видео на Инстаграм во кое се снимил како шета по улицата бос и во бањарка, а откако изгубил облог односно откако загубил неговиот тим.
Имено, Пирс рекол дека ќе оди пеш до работа оддалечена од неговиот дом речиси 30 километри, и тоа бос и во бањарка. Исто така тој објави и фотографија како доказ дека пешачел 20 милји, или нешто повеќе од 30 километри, и тоа осум часа.
Инаку четириесет и седумгодишниот Пирс работи како коментатор на телевизијата „Fox Sports“, а кариерата ја заврши пред осум години во дресот на Лос Анџелес Клиперс.
Тој играше за Бостон од 1998 до 2013 година, а во 2008 година беше шампион со Селтикси и МВП на финалето. Исто така тој 10 пати учествувал во Ол-стар натпреварите, а Бостон го повлече дресот со број 34 којшто тој го носел.
Инаку, синоќа Никси ги победија Селтикси со 91:90 по голема драма, а Карл Ентони Таунс ги предводеше до победата со неверојатната игра со 21 поен и 17 скока.
Следниот натпревар ќе се игра во Њујорк во сабота во 21:30 часот по средноевропско време.