Почина актерот Френк Макреј, 'Шарки' од филмовите на Бонд

Супермен

06/05/2021

20:00

2.278

Големина на фонт

а а а

Актерот Френк Макреј, најпознат по улогите во акционите филмови, починал во 80-та година од инфаркт, во Санта Моника.

Френк Макреј, глумел во повеќе од 40 филмови. Играл 'Шарки' во „License to Kill“, полициски капетан во „48 hours“ кој подоцна пародирал и во „Last Action Hero“, со Арнолд Шварценегер и во „Loaded weapon“.

Макреј со славниот колега Силвестер Сталоне се појавил во четири филмови, меѓу кои во „Rocky 2“, а глумел и со Џон Кенеди во „1941“ и „National lampoon's vacation“.

Веста за смртта на познатиот актер, кој имал кариера и во американски фудбал, ја потврдила неговата снаа Сузан Мекре.

Посветата на славниот актер е објавена на социјалната мрежа Твитер од официјалниот профил на Џејмс Бонд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk