Пивара во Њујорк дели бесплатно пиво на сите кои ќе одлучат да се вакцинираат против Ковид-19

Супермен

11/05/2021

16:23

327

Големина на фонт

а а а

Една микропивара во Бафало, Њујорк, нуди бесплатно пиво за да ги охрабри луѓето кои се двоумат дали да ја примат вакцината, да се одлучат на тој чекор и да појдат во најблискиот центар за вакцинирање, а програмата постигнала исклучителен успех.

Здравствениот оддел на округот Ери и две локални пивари склучиле ваков договор бидејќи, како што пишува „The Guardian“, многу региони ширум САД бележат нагло опаѓање на побарувачката за вакцини.

Според тој план, на посетителите им се нуди вакцината на Модерна против коронавирус со бесплатна чаша од 1 литар и купон за пијалак кој ќе го одбере вакцинираното лице. Вториот пијалак доаѓа со втората доза, 4 недели подоцна.

„Еве добар поттик. Ако ова не успее, не знам што ќе успее“, изјавил минатата недела извршниот директор на округот, Марк Полонкарз за „Buffalo News“.


Полонкарз покажал слика од Хомер Симпсон со шише пиво.

„Важно е луѓето да се вакцинираат, а ако е потребно пиво за тоа, во ред. Ова е Бафало, ние го сакаме нашето пиво“, додал Марк.

Неколку часа по отпочнување на програмата се вакцинирале околу 100 луѓе.

Програмата доаѓа во време кога здравствените службеници активно размислуваат на разни поттици за зголемување на стапката за вакцинација со цел да се постигне колективен имунитет, што е ниво на масовна имунизација за кое националните здравствени експерти предупредуваат дека моментално е недостижно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk