Повеќе од 2000 коњски сили: „Estrema Fulminea“ е најмоќниот италијански автомобил

Супермен

14/05/2021

17:58

2.692

Големина на фонт

а а а

Со повеќе од 2000 коњски сили, овој модел ја презеде титулата на „најмоќен италијански автомобил“.

Новиот суперспортски автомобил е претставен во торинскиот автомобилски музеј, а ќе го произведува компанијата „Automobili Estrema“. Возилото го носи името „Fulminea“.


Има 4 електромотори со вкупна сила од дури 2040 коњски сили, а батериите кои тежат вкупно 300 килограми се сместени во куќиште од јаглеродни влакна и имаат капацитет од 100 kWh.

Автомобилот од 10 на 80 отсто капацитет ќе се полни за само 15 минути.


Што се однесува до перформансите, „Fulminea“ постигнува брзина од 100 км/ч. за 2 секунди, а максималната брзина од 320 км/ч. ја постигнува за помалку од 10 секунди.

Според најавите, ќе бидат произведени точно 61 примерок, а почетната сцена на автомобилот ќе изнесува 2 милиони евра. Првите испораки ќе започнат кон втората половина на 2023 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk