38-годишниот Скот Дисик објавил фотографија од неговата 19-годишна девојка во танга, фановите згрозени: „Можеш да ѝ бидеш татко“

Супермен

08/06/2021

14:49

5.028

Големина на фонт

а а а

Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, 38-годишниот Скот Дисик, неодамна започна врска со манекенката Амелија Хамлин која има само 19 години, а сега со еден потег предизвика бес во јавноста.

Имено, Амелија се појавила на профилот на Инстаграм на Скот речиси гола, поради што се појавија бројни коментари на оваа социјална мрежа.

Дисик ја фотографирал манекенката во градник и танга, и тоа во моментот кога таа се обидувала да дофати нешто од полицата.


„Ужас, кое непочитување“, „Можеш татко да ѝ бидеш“, „Одвратен си“, „Девојче е, а ти ја фотографираш гола“, гласат коментарите од фановите.

Ќерката на американските актери Лиса Рина и Хари Хамлин за првпат беше фотографирана со Дисик пред неколку месеци во шопинг во Холивуд, по што тие ја започнаа својата врска.


19-годишната Амелија тогаш беше фотографирана како се држи за раце со 18 години постарото момче, само неколку месеци откако тој ја раскина 3-годишната врска со ќерката на Лајонел Ричи, 22-годишната Софија Ричи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk