Италијанците загрижени поради традицијата: На отворањата на Европските првенства, домаќините досега славеле само 5 пати

Супермен

11/06/2021

14:48

2.463

Големина на фонт

а а а

Со натпреварот помеѓу Италија и Турција кој се игра денеска во Рим започнува овогодишното Европско првенство, а на досегашните 15 турнири, домаќините славеле само 5 пати во воведните натпревари.

Југославија во првиот меч на Европското првенство во 1960 година ја победи Франција со 5:4. Првиот гол на тој натпревар, воедно и прв на европскиот шампионат го постигна Милан Галиќ.

На наредниот турнир, Шпанија како домаќин ја победи Унгарија со 2:1, Франција во 1984 година беше подобра од Данска со 1:0, додека репрезентацијата на Белгија во 2000 година славеше против Шведска со 2:1.


На минатото Европско првенство, Франција како домаќин ја победи Романија на отворањето на турнирот со 2:1.

Еден од „најлудите“ воведни мечеви беше одигран во 1968 година во Неапол, кога Италија славеше против Советскиот сојуз по фрлање на паричка бидејќи мечот беше завршен без голови.

Интересно е што на Европското првенство во 2004 година, Грција ја победи Португалија во воведниот натпревар со 2:1, а потоа и на последниот на турнирот кога Грците славеа со 1:0.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk