Цела Европа го коментира потегот на Манчини: Мислеле дека сака да го понижи ривалот, но зад сето тоа се крие неправда стара 31 година

Супермен

21/06/2021

14:39

5.194

Големина на фонт

а а а

Еден потег на селекторот на Италија, Роберто Манчини, ја „распламти“ фудбалската јавност во Европа.

Во финишот на натпреварот Италија - Велс (1:0) во третото коло од А групата, Манчини одлучи да направи замена на голманот, а тоа ги изненади сите присутни, но и оние покрај малите екрани.

Донарума не се жалеше на повреда, Италија имаше предност и играч повеќе и практично се чекаше само последниот свиреж на судијата.


Наместо Донарума влезе 12 години постариот Салваторе Сиригу.

Репрезентацијата на Велс исто така беше изненадена од потегот на италијанскиот експерт, а мислеле дека неговата намера е да ги понижи и да ги испровоцира. Меѓутоа, не биле во право.

Манчини се сетил на неправдата која пред 31 година ја доживеал на Светското првенство во Италија, па не сакал такво нешто да му се случи и на неговиот голман Сиригу.

Имено, Италија беше домаќин на Светското првенство во 1990 година и во групната фаза го зазеде првото место.


Манчини беше во составот на репрезентацијата, а тогаш имал само 26 години и на седум натпревари не влегол во игра ниту една минута.

Во неколку наврати истакнал дека за тоа најмногу жали во својата кариера, едноставно не можел да ја преболи неправдата.

Манчини не сакал истата работа да му се случи на Сиригу на 34 години, кому ова веројатно му е последното првенство во кое ќе биде во состав на репрезентацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk