Серија провокативни фотографии: Манекенката со егзотичен изглед позирала во бел провиден костим за капење

Супермен

30/07/2021

10:47

7.405

Големина на фонт

а а а

Манекенката Кели Гејл е позната по ревиите за луксузниот бренд „Victoria's Secret“ како и по снимањата за магазинот „Sports Illustrated“.

Оваа егзотична убавица со индиски корени неодамна го привлече вниманието на Инстаграм со серија провокативни фотографии во бел, едноделен костим за капење со кој ја „заскокоткала“ фантазијата на фановите.

За потсетување, 26-годишната Кели во 2012 година се појави на ревија на францускиот бренд „Chanel“, а наредната година дебитираше како ангел на познатиот бренд за долна облека.

„Кога започнав да работам како модел, социјалните мрежи започнуваа да се шират. Пред тоа во фокус беше изгледот на моделите на кастинг и карактерот не беше примарен. Сега е поинаку бидејќи ми се чини дека денес станува збор и за тоа каква личност сте и како го претставувате брендот, а не само како изгледате“, изјавила Гејл во една прилика.

Таа води здрав живот и тренира по 2 часа дневно. Практикува брзо одење, бокс и јога.

„Го започнувам денот со смути од кељ, спанаќ, целер, лимон и ѓумбир. Потоа вежбам неколку часа - некогаш пешачам, вежбам бокс, јога... За ручек најчесто јадам риба, морски плодови и многу зеленчук“, ја открила тајната на беспрекорниот изглед.

Кели е верена за актерот Џоел Кинаман, познат по филмовите „The Informer“ и „RoboCop“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk