Крис Браун ја нарече НБА ѕвездата 'вистински херој' поради ставот за вакцината: „Кому не му се допаѓа тоа... Нека си го живее својот проклет живот“

Супермен

21/10/2021

18:10

5.327

Големина на фонт

а а а

Крис Браун го нарекол кошаркарот Кајри Ирвинг 'вистински херој'. Музичарот во средата на јавно на Инстаграм ѝ пружил поддршка на НБА ѕвездата поради неговата одлука да не се вакцинира.

„Вистински херој! Го поддржувам братот“, напишал Браун над фотографија од кошаркарот на Бруклин Нетс.

„Кому не му се допаѓа тоа... Нека си го живее својот проклет живот. Тоа е негов избор и проклето е добар. Секогаш на страната на братот“, додал Браун.

Ирвинг во последните недели е во центарот на вниманието на јавноста, поради неговиот критички став во врска со вакцинацијата против Ковид-19. Спортистот одлучил да не прими вакцина и тврди дека тоа треба да е личен избор.

„Тажно е да гледаме како ова го дели нашиот свет. Луѓето губат работа поради вакцини... Ако се одлучите за вакцина, ве поддржувам. Направете го тоа што е најдобро за вас. Продолжувам да се молам за сите оние кои ги загубија луѓето поради пандемијата на Ковид-19“, напишал Ирвинг претходно на Инстаграм.

На кошаркарот му е забрането да игра на домашни натпревари, додека не покаже доказ за вакцинација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk