Што и да допре го претвора во злато: Најбогатиот спортист на светот нема ниту една победа, а за секунда заработува 73.138 долари

Супермен

30/12/2021

14:29

15.714

Големина на фонт

а а а

Доколку мислите дека фудбалерите заработуваат најмногу пари, тогаш се лажете.

Секако, европскиот фудбал, НБА, Формула 1, американски НФЛ фудбал носат добри приходи, но сите нив ги надминува еден Ирец.

Станува збор за ММА борачот Конор Мекгрегор

Ирецот во 2021 година доживеал два порази од кои еден болен нокаут од Дастин Поарје, но тоа не му пречело за една година да заработи 180 милиони долари. Според американски „Forbes“ тој е спортистот со најголема заработка во 2021 година.


Интересно е тоа што Конор во двете борби вкупно настапил 752 секунди, односно нешто повеќе од 12 минути и дека заработил 55 милиони долари.

Со понатамошни пресметки се доаѓа до тоа дека Конор заработува по 73.138 долари од секунда. Тоа се бројките за кои Лионел Меси, Леброн Џејмс, Новак Ѓоковиќ, Макс Ферстапен можат само да сонуваат.

Остатокот до 180 милиони, Мекгрегор ги зема од реклами и сопствен бизнис

Мекгрегор, како секој Ирец, дел од животот го посветил на виски, па така во 2018 година го произведува своето виски „Пропер 12“. Неговото виски го рекламираат познати личности како Жозе Мурињо или Џастин Бибер.

Мекгрегор во април годинава го продал својот бренд на една американска фирма за 150 милиони долари.


Ирецот дополнителните пари ги добива од рекламирање на познати брендови. Така зема 5 милиони долари за еден спортски бренд, а добива и 8 милиони долари од рекламирање на енергетски пијалак, мобилен оператор и обложувалници. Сè на сè, што и да допре го претвора во чисто злато!

Втор по заработка се наоѓа Лионел Меси со 130 милиони долари, трет е Кристијано Роналдо со 120 милиони долари, следуваат Дак Прескот од американски фудбал со 107.5 милиони долари, петти е Леброн Џејмс со 96,5 милиони долари, следуваат Нејмар со 95 милиони долари, Роџер Федерер со 90 милиони долари, Луис Хамилтон со 82 милиони долари, Том Брејди со 76 милиони долари, а на десеттото место е Кевин Дурентс со 75 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk