Прогласени 5-те најпродавани премиум автомобили во САД: На првото место е бренд кој е најпродаван и во светот

Супермен

11/01/2022

22:27

17.543

Големина на фонт

а а а

Автомобилскиот бренд „BMW“ ја заврши 2021 година како најголем произведувач на премиум автомобили на светот.

Компаниите „BMW“ и „Mercedes“ веќе со децении водат битка за тронот помеѓу премиум произведувачите. Овој натпревар им е особено важен на американското тло, а минатата година титулата за најпродаван премиум произведувач во САД му припадна токму на „BMW“.


Баварците ја завршија 2021 година со 336.644 испорачани возила во таа земја, што е за 21 отсто повеќе отколку во 2020 година и отприлика во ниво на резултатите од 2019 година.

Со оглед дека „Tesla“ во САД се смета за премиум произведувач, оваа компанија се најде на втората позиција со 313.400 продадени автомобили на американскиот пазар.

Третата позиција ја зазеде јапонскиот „Lexus“ кој на купувачите во САД во 2021 година им испорачал 304.475 автомобили, додека дури на четвртото место се најде „Mercedes“ со 276.102 продадени возила.


„Audi“ е на петтото место со 196.038 испорачани автомобили.

„BMW“ се закити со титулата на најпопуларен премиум произведувач и на глобално ниво. Баравците во 2021 година им испорачаа на купувачите ширум светот рекордни 2,2 милиони возила.

„Mercedes“ е на второто место по глобална продажба со 2,05 милиони испораки, со пад од 5 отсто на годишно ниво.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk