Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи ваков часовник: „Никогаш не сум пател од тоа“

Супермен

30/04/2024

10:41

14.666

Големина на фонт

а а а

Здравко Чолиќ, според пишувањата на познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, е еден од најбогатите пејачи на Балканот.

Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

„Чолиќ е српскиот Том Џонс. Тој издал 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот Маракана, потоа Ушче, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во белградската Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе“, пишувало тогаш на овој сајт.


Иако има милиони, Чолиќ отсекогаш бил скромен, а тоа го докажа уште еднаш и тоа - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на својата рака носи модел од „само“ 2000 евра. Како што наведува Инстаграм профилот „Sat na ruci“, станува збор за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera CAS2111“ со челично куќиште и со функција на хронограф.


За потсетување, Здравко отсекогаш истакнувал дека финансиите секогаш му биле слаба страна, иако по струка е економист.

„Не може човек да го промени својот темперамент, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но кај мене тоа беше малку претерано и ден-денес е“, изјави Чолиќ и открил на што претежно ги трошел хонорарите.


„Ние никогаш не сме ги имале тие висини на хонорар. Патувањата и гардеробата беа фетиш во 70-те и 80-те. Никогаш не сум имал големи материјални желби. Мое беше да се оди некаде, на море или да направиме некоја забава и таму да се потроши, но никогаш не сум имал желба да купам некој скап часовник. Не сум пател од тоа“, вели пејачот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk