Бекер за „BBC“ откри што му рекол Ѓоковиќ по драмата: „Се слушнавме по телефон...“

Супермен

11/01/2022

13:30

18.050

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е порасположен откако ја победи австралиската влада пред судот во Мелбурн. Поради тоа му беше изменета одлуката за поништување на визата.

Неговиот некогашен тренер, Борис Бекер, открил дека српскиот тенисер се чувствува добро, но и дека е шокиран пред почетокот на Австралија опен.


Тој моментално тренира во Род Лејвер Арената каде се подготвува по петте денови поминати во затворена соба, што би можело да влијае на неговата физичка форма.

Бекер со кој Ѓоковиќ соработуваше од 2013 до 2016 година, во разговор за „BBC“ открил што му рекол најдобриот тенисер на светот кога се слушнале по телефон.

„Кратко разговарав со него и му честитав на остварената победа. Ми се заблагодари на поддршката која му ја дадов, но очигледно е дека и натаму е малку шокиран поради тоа што се случуваше последниве денови“, изјавил Бекер.


Додал и дека Новак е прекрасно момче и дека од ова ќе излезе само уште посилен.

„Тој е фасцинантно момче, неговото расположение е веќе подобро. Тренираше на полноќ, тоа само покажува каков човек е тој“, заклучил Бекер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk