Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна, сега мора да му исплатат 40.000 евра отштета

Супермен

14/01/2022

13:18

16.294

Големина на фонт

а а а

Еден маж од Париз ја тужел својата компанија во која работел затоа што работата му била здодевна, а тој се чувствувал како да не ја заработувал платата. Сега компанијата треба да му исплати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснард се вратил да работи за францускиот производител на луксузни парфеми „Interparfums“, по 7 месеци боледување. Како што навел неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад кој го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа поради која бил неколку дена во кома, пишува „Felix Magazine“.


Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно потполно го занемарила. Тој своето време го поминувал „извршувајќи обврски“ за директорот на „Interparfums“. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било гајле дали ќе се појави на време и тоа траело 4 години.

„Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и се срамев што не заработував плата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата“, изјавил Фредерик Деснард на суд.


Виктор Билебо, адвокатот на Деснард, рекол дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврделе дека Деснард никогаш не кажал ништо за тоа дека му е здодевно.

Во 2020 година, Деснард поднел тужба до судот за работни односи и барал отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдела дека тој никогаш не поднел жалба, судот се согласил дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата била потврдена на крајот на 2020 година од Апелациониот суд во Париз.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk