Тој предизвикува жестоки реакции, а нејзе јавноста ѝ се восхитува: Ова е новата девојка на Ник Кирјос

Супермен

20/01/2022

13:17

13.909

Големина на фонт

а а а

Австралискиот тенисер кој долго време беше мразен од страна на фановите на Ѓоковиќ неодамна го сменил мислењето на љубителите на спортот поради тоа што застанал во одбрана на Новак.

На неговиот Инстаграм профил имало бурни реакции изминатите седмици поради тоа што покрај коментирањето на случајот со Новак, одлучил на светот да му ја покаже и својата нова девојка.

Николас Кирјос (26), познат по прекарот Ник, месецов бил на мета на критики во австралиската јавност затоа што постојано го поддржувал својот „непријател“ Ѓоковиќ.

Спортистот кој низ годините го критикуваше најдобриот тенисер во историјата застанал во негова одбрана кога Србинот беше приведен во имиграциски притвор пред Австралија опен, што не ѝ се допадна на австралиската публика, а тој го задржа своето мислење и продолжи да зборува за своите верувања дека на Новак му е нанесена неправда.

Тој и натаму е во центар на тамошните медиуми поради тоа што Австралија опен го започна успешно, но и поради тоа што неодамна соопштил дека е среќно заљубен.

Имено, на 2 јануари на Инстаграм профилот на блогерката Костин Хаци (21) се појавила фотографија на која Кирјос и таа позираат, со опис:

„Не е лош начин да се започне 2022 година“.

Парот потоа продолжил да споделува заеднички фотографии, па често ги гледаме како уживаат заедно, се прегрнуваат, разменуваат нежност, а медиумите пишуваат и дека Хаци иако се кратко заедно, била во изолација со Кирјос кога тој се заразил со коронавирус пред почетокот на Австралија опен.

Костин не е претерано позната блогерка во Сиднеј, а има и своја продавница и предмети за домашна декорација „Casa Amor interiorz“ која често ја рекламира на Инстаграм.

Како што пренесуваат британските портали, бројот на нивните следбеници од денот кога Кирјос и таа соопштиле дека се заедно се зголемил за 25.000 следбеници.

Таа често споделува фотографии од плажа, а ја обожува и модата, па неретко ја гледаме како носи чанти од познати брендови, меѓу кои и омилениот „Lous Vuitton“.

Погледнете повеќе фотографии од Костин:




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk