Вирален хит: Активирала „тајно копче“ на „iPhone“ кое можете да го користите за многу функции

Супермен

01/02/2022

22:41

17.951

Големина на фонт

а а а

Сега знаете - знакот на „гризнатото јаболко“ на позадината на вашиот „iPhone“ не е само украс.

Многумина не знаат за опцијата на „Apple“ дека знакот на позадината на телефонот може да се користи и како копче, а видеото од девојка која покажува како се користи брзо стана вирално.

Функцијата на „iPhone“ се нарекува „Back Tap“ и може да се користи за многу нешта како вклучување на камерата, блицот, правење скриншот, а реагира на двоен или троен допир.

Опцијата постои само во склоп на системот „iOS 14“, а може да се активира преку „Settings“. Одберете ја опцијата „Accesibility“, потоа „Touch“ па „Back Tap“.

Кога ќе одберете „Back Tap“ ќе можете да изберете за која опција и на кој начин сакате да го користите „гризнатото јаболко“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk