Познатата авиокомпанија го исмеа Ѓоковиќ на Твитер: „Не сме авиокомпанија, но летаме авиони“

Супермен

15/02/2022

23:18

22.252

Големина на фонт

а а а

Познатата авиокомпанија „Ryanair“ го прозва најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи.

Ексклузивното интервју на Ѓоковиќ за „BBC“ е тема број еден во светските медиуми, а во текот на истото, српскиот ас откри дека не е антиваксер, но нема намера да се вакцинира против коронавирус.

Тој истакна дека попрво би пропуштил прилика да освојува трофеи отколку да биде присилен да прими вакцина.

Очекувано, неговите изјави предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина искористија прилика да го прозват.

Она што е интересно е што и ирската авиокомпанија го „пецна“ српскиот тенисер.

„Ние не сме авиокомпанија, но летаме авиони“, објавија од компанијата на официјалниот Твитер профил, алудирајќи на изјавата на Новак дека не е антиваксер, но не сака да се вакцинира.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk