Легендата на Рома, Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази се огласија на социјалните мрежи дека ги демантираат гласините во врска со разводот.
Во последните 48 часа во јавноста се шири информација дека поранешниот италијански напаѓач и неговата сопруга се разведуваат по повеќе од 20 заеднички години, од кои 17 се во брак.
Според пишувањата на медиумите, Тоти и Блази дури живееле во различни куќи и таа не присуствувала на неговиот роденден минатиот септември. Меѓутоа, Илари споделила „стори“ на Инстаграм на кое се гледа како Франческо вечера со неа во ресторан во Рим, додека поранешниот капитен на Рома, прилично вознемирен, ги демантирал гласините преку видео-снимка.
„Прочитав многу работи за своето семејство и мене во последните неколку часа“, вели Тоти и додава:
„Не е првпат да ги чујам овие лажни вести, но обрнете внимание бидејќи се вклучени и деца и тие мора да се почитуваат. Искрено, уморен сум да ги негирам овие гласини“.
Илари Блази, една од најпопуларните модели и ТВ личности во Италија, беше клучна фигура во професионалниот живот на поранешниот капитен на Рома. Во една прилика дури јавно го критикуваше поранешниот тренер на клубот, Лучијано Спалети, нарекувајќи го „мал човек“, месеци пред Тоти да се повлече од фудбалот.