Руски јутјубер за животот под санкции: „Западот мисли дека луѓето ќе се побунат, но тоа нема да се случи“

Супермен

04/03/2022

22:08

25.403

Големина на фонт

а а а

Роман Албертович Абалин, руски јутјубер, на својот канал откри како изгледа моменталната ситуација во Русија по санкциите.

24-годишникот претходно истакна дека не ја поддржува руската инвазија врз Украина.

Роман на Јутјуб се претставува како NFKRZ, а на социјалните мрежи го следат повеќе од 965.000 корисници.

„Сега е официјално. Руската економија е завршена, а и јас. Јас тонам со неа. Луѓето на Запад мислат дека ако овие санкции силно го погодат населението, тие ќе се побунат. Мислам дека тоа нема да се случи , затоа што овие санкции му прават штета само на некој просечен човек. Секогаш кога ќе погледнам вести, гледам некоја нова санкција и дека некоја друга компанија повеќе не сака да работи во Русија. И знам, разбирам, никој не нè сака сега“, вели јутјуберот.

Тој вели и дека не може да ја подигне својата заработка од Јутјуб и дека обезбедувањето ги брка луѓето од банкоматите, бидејќи во нив нема пари.

„Имам деловна сметка во Русија, плаќам даноци и сè, но двете банки каде што имам сметки се санкционирани. Дури и да префрлам пари во друга банка, никој не може да гарантира дека таа банка нема да биде под санкции“, раскажува Роман.

Исто така, вели и дека згрешил бидејќи својата заштеда ја претворил во долари, а сега не може да ја промени.

„Владимир Путин потпиша одредба за борба против санкциите, така што Русите не можат да ги префрлат своите пари во некои банки во странство. Ако живеете во друга земја и имате руско државјанство и чувате пари во таа друга земја, го прекршувате законот“, истакнува јутјуберот.

Видеото досега има повеќе од половина милион прегледи и речиси 60.000 допаѓања.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk