Најлудиот потег на Путин досега? Еве како рускиот претседател одлучи да одговори на санкциите

Супермен

14/03/2022

13:05

25.238

Големина на фонт

а а а

Русија возвраќа на санкциите на Западот со носење мерки за забрана за извоз која вклучува над 200 производи, а истата ќе трае до крајот на годината.

Деталната листа засега не е објавена, но државната новинска агенција „TASS“ соопштила дека списокот вклучува техничка, телекомуникациска и медицинска опрема, како и возила, земјоделска механизација, локомотиви и вагони.

„BBC“ известува дека забраната за извоз е насочена на околу 48 земји за кои руската влада наведува дека „извршиле непријателски акции“ против нивната држава.

Владата додала и дека забраната „има цел да обезбеди функционирање без пречки на клучните сектори во економијата во Русија“.


Очигледно дека овој потег веќе има ефект затоа што корпорацијата „Stellantis“ во изјава за медиумите навела дека престанала да увезува и извезува возила од Русија. Таа компанија управува со фабриката во Калуга и претходно годинава почна да извезува некои модели на автомобили во западноевропските земји.

Овa e удар за „Stellantis“ затоа што како што „Ројтерс“ извести претходно, европскиот автомобилски гигант сака фабриката во Калуга да ја претвори во „извозно чудовиште на мотори и возила за Европа, Латинска Америка и Северна Африка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk