Ноќевање и до 305 евра – 12 најскапи градови за краток престој во Европа

Супермен

18/04/2022

09:19

24.411

Големина на фонт

а а а

Овојпат ќе ви ги откриеме најскапите градови – за пократок одмор треба да издвоите и до 362 евра.

Страницата „money.com.uk“ во рамките на истражувањето разгледувала неколку критериуми – просечната цена на Airbnb, автобуската карта, цената на најпозната атракција, една чаша вино, најевтиното јадење, а потоа добила просечна цена за еден краток престој.

Кога сè ќе се собере и одземе, најскапиот град за „сити брејк“ во Европа е Даблин.


Во овој град ноќевањето ќе го платите 305 евра, превозот 10 евра, а посетата на најдобро оценетата атракција во градот надминува 25 евра.

За една чаша вино треба да издвоите седум евра, а за просечен оброк 14 евра. Севкупно би потрошиле околу 360 евра.

Втор град е Прага во кој во просек би платите 282 евра (253 евра за ноќевање“, но во споредба со Даблин значително помалку ќе платите за сè останато.

Разликата во цените се гледа особено во најдобро оценетата атракција во Прага за која треба да издвоите 10 евра, што е значително поевтино во споредба со Даблин.

Во првите пет најскапи градови се наоѓаат и Единбург, Манчестер и Цирих во кои во просек ќе платите 277,252 и 242 евра.


Тоа што е најинтересно е тоа што Даблин не е најскап град по сите критериуми, напротив.

Просечната цена на ноќевање е тоа што него му ја даде оваа титула, а од друга страна најскапиот оброк ќе го платите во Цирих – 20 евра, најскапата чаша вино во Осло – 12 евра, а најдобрата туристичка атракција во Лондон – 36 евра, додека пак најскап превоз има во Копенхаген – 21,89 евра.

Комплетната листа (која детално може да ја погледнете ТУКА) изгледа вака:

1. Даблин, Ирска

2. Прага, Чешка

3. Единбург, Велика Британија


4. Манчестер, Велика Британија

5. Цирих, Швајцарија

6. Лондон, Велика Британија

7. Амстердам, Холандија

8. Копенхаген, Данска

9. Осло, Норвешка


10. Женева, Швајцарија

11. Севилја, Шпанија

12. Бристол, Велика Британија



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk