По повеќе од 20 години, „Apple“ го укинува култниот „iPod“

Супермен

11/05/2022

11:57

7.272

Големина на фонт

а а а

„Apple“ најави дека го укинува својот музички плеер, „iPod Touch“, со тоа доведувајќи ја до крај линијата на уреди која според многумина направи револуција во начинот на кој луѓето слушаат музика.

Тоа е крај на една ера. Компанијата вели дека геџетот ќе биде достапен само „додека траат залихите“. Тоа е крај на една ера за производ кој некогаш беше еден од најпопуларните уреди на светот.


Во 2001 година кога беше лансиран првиот „iPod“, тој можеше да складира околу 1000 песни. Денес постојат повеќе од 90 милиони песни на стриминг сервисот на „Apple“.

„iPod Touch“ го дизајнираше истиот тим кој подоцна го дизајнираше и „iPhone“, кој брзо го засени плеерот.

Постоеја различни модели на „iPod“ во текот на годините – вклучувајќи ги „Nano“ и „Shuffle“, но „iPod Touch“ кој беше лансиран во 2007 година е последниот модел кој е укинат.


Моменталната седма генерација на „iPod Touch“ е претставена во 2019 година. Работи на „A10 Fusion“ чип кој за првпат дебитираше во „iPhone 7“. Поседува екран од 4 инчи и е достапен во низа бои.

„Apple“ објави соопштение за јавност по повод укинувањето на „iPod“, а истото има интересен наслов – „Музиката живее понатаму“. Во соопштението се наведува дека корисниците на „Apple“ сега ќе уживаат во својата музика преку уредите како „iPhone“, „Apple Watch“, „Apple TV“ и „HomePod Mini“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk