„Bloomberg“: Рубљата оваа година е најдобра валута на светот

Супермен

12/05/2022

18:10

11.042

Големина на фонт

а а а

Американскиот деловен портал „Bloomberg“ објави дека рубљата оваа година е најдобра валута на светот.

Русија успеала во тоа со контрола на капиталот, но како што пишува „Bloomberg“, од таа корист имаат мал број луѓе. Вредноста на рубљата во однос на доларот вчера, на 11-ти мај, продолжи да расте откако повторно беше отворена Московската берза која 2 дена беше затворена поради празници.


Нејзината вредност во однос на американската валута е поголема за 11 отсто во однос на почетокот на годината. „Bloomberg“ ја смести рубљата помеѓу 31 валута со најголем раст на вредноста.

Причината за тоа се мерките кои ги презеде руската влада за да ја заштити валутата од негативните последици од санкциите од Западот. Освен што е наметната контрола над капиталот, владата ги принуди извозниците да продаваат девизи и обврзаа гасот да се плаќа во рубљи.

Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека растот на вредноста не е толку импресивен поради тоа што на многу пазари е оневозможено тргување со рубљи. Сепак, со оглед на тежината на санкциите на Русија, овој раст за многумина е изненадувачки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk